Ангов:донесена е одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка за сите дечиња

 Ангов:донесена е одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка за сите дечиња

-На мое огромно задоволство, по мој предлог, на Седница на Совет беше донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за престој во градинка за сите дечиња, односно општина Дојран за првпат обезбедува бесплатна градинка за сите дечиња согласно капацитетот на градинката, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

-Ова е социјална мерка со која во време на голема инфлација излегуваме во пресрет на нашите сограѓани и млади родители.Општина Дојран се грижи за најмалите и нејзина крајна цел е да се овозможи секое дете да се образува уште од најмали нозе, да се создадат услови на еднаквост помеѓу децата и се овозможува секое дете да има можност да помине период во градинка во својата предучилишна возраст затоа што децата заслужуваат без никакви пречки да го развиваат својот потенцијал.Само со ваков пристап можеме да инвестираме во иднината на децата, создавајќи услови за социјален и образовен напредок.Секое дете е важно и токму затоа како градоначалник на општина Дојран сум посебно горд на оваа одлука, напиша градоначалникот на Дојран.

Share via
Copy link