fbpx

Бектеши не ја исклучува можноста да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани за патување

 Бектеши не ја исклучува можноста да биде продолжен рокот за неискористените аранжмани за патување

Владата минатата година донесе уредба со која на граѓаните кои веќе платиле аранжмани истите да им се претворат во ваучери, за да не бидат принудени агенциите да им ги вратат парите.

„Речиси 90 отсто од аранжамините кои се пријавени во Министерството за економија, пошто така беше и решението, се купени за летување во Грција. Тие не можеа да бидат користени претходната година. Ако во случај и оваа година не ќе можат да бидат користени, секако дека ние ќе направиме измени и ќе го продолжиме рокот. Но ние секојдневно имаме увид во тоа како се користат тие ваучери и во моментот кога ние ќе помислиме дека тоа е потребно, секако дека ќе го продолжиме рокот ако имаме барање од граѓаните кои ги платиле аранжманите“, рече Бектеши на денешната прес-конференција.

Share via
Copy link