fbpx

Бензините од ноќеска поскапуваат, додека дизелот се намалува

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 отсто, така што од ноќеска бензините од поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 62,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат по 53 денари за литар.

Овие цени ќе траат до следниот понеделник.

Share via
Copy link