Даскаловски пред изборите: Убеден сум во убедлива победа, силата е во заедништвото
Даскаловски пред изборите: Убеден сум во убедлива победа, силата е во заедништвото
Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ, Марјан Даскаловски, во пресрет на изборниот ден во недела, 19-ти октомври, се обрати до граѓаните со порака за заедништво и повик за поддршка.
Во своето обраќање, Даскаловски ја истакна важноста на единството, нагласувајќи дека тоа е темелот на досегашните успеси. „Во недела, на 19-ти, повторно ќе покажеме дека силата е во народот и во заедништвото што го создадовме сите овие години“, порача тој.
Даскаловски ја потенцираше својата блискост со граѓаните, велејќи дека секогаш бил присутен меѓу нив – на улиците и во сите населени места во општината.
„Знам што значи доверба, знам што значи поддршка и стоење еден до друг кога е најважно. Знам дека ја имате мојата доверба, но и дека јас ја имам вашата“, истакна кандидатот на СДСМ.
Изразувајќи целосна увереност во позитивен исход, тој додаде: „А со таков број на поддршка, искрено, не гледам ништо друго освен една убедлива победа!“
На крајот, Даскаловски им се заблагодари на граѓаните за досегашната соработка и ги повика во недела да ја испишат, како што рече, „новата победничка страница на Струмица“.