Доделени признанијата „Библиотекар на годината“-„ПАВЛИНА ЦУНЕВА МАКАЗЛИЕВА“

 Доделени признанијата „Библиотекар на годината“-„ПАВЛИНА ЦУНЕВА МАКАЗЛИЕВА“

По повод 1 Јуни – меѓународниот ден на детето и 10 Јуни – Меѓународниот ден на почеток на летни читачки кампањи, во рамките на одбележување осум децении од излегувањето од печат на првото списание за деца и првиот буквар на стандарден македонски јазик, на заедничка иницијатива со:- Педагошкиот факултет “Св.Климент Охридски” при УКИМ· Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, · Здружението на просветни работници на град Скопје,· Здружението на одделенски наставници „Учител“,· Здружението на просветни работници на град Куманово- ЛУБ “Благој Јанков Мучето”, Струмица- Општина Струмицасо поддршка на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“ организираа советување на тема:БИБЛИОТЕКАТА ТЕМЕЛ НА ПИСМЕНОСТ„Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата”, денеска во Струмица.

Советувањето беше наменето за директорите на основните и средните училиштата, градинките и библиотеките, воспитувачите и негувателите, одделенските наставници, наставниците по македонски јазик, класните раководители, стручните работници и соработници и за библиотекарите вработени во училишните, јавните и локалните библиотеки, со цел за заедничко вмрежување и дејствување во правец на промовирање и популаризирање на читачките навики кај најмладата популација, јавното говорење и изразување, креирање млади лидери, како и за стандардите и состојбите во областа на списанијата за деца, издаваштвото и книжевноста за деца воопшто.После Скопје, Охрид и Штип, и во Струмица се разменија добри практики и современи методологии во воспитно-образовниот процес, како од универзитетските професори, така и од практичарите од училиштата и градинките, овој пат со посебнен акцент, благодарност и признание кон професијата БИБЛИОТЕКАР и библиотекарската дејност.

ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица во соработка со „Просветно дело“ од Скопје и оваа година традиционално ги додели признанијата БИБЛИОТЕКАР НА ГОДИНАТА ЗА 2025 ГОДИНА „ПАВЛИНА ЦУНЕВА МАКАЗЛИЕВА“ за врвни достигнувања во областа на библиотекарството и информациската дејност.

Годинава признанија се доделија на Милчо Јованоски, виш библиотекар во НУ-УБ “Григор Прличев“ во Охрид од јавните библиотеки и на Ленче Славковска од ООУ „Наум Наумовски Борче“ од училишните библиотеки.

Комисијата одлучи благодарници да добијат и следниве библиотекари: Моника Талеска од библиотеката “Борка Талески” од Прилеп, Елена Станкоска од НУ – УБ “Григор Прличев” , Охрид, Ѓултен Ајрули – НУ Библиотека „Кочо Рацин“ Тетово, Слаица Тодорова – ПОУ „Иднина“ Скопје и Дијана Петкова – ООУ „Војдан Чернодрински“ Скопје.

Share via
Copy link