Движењето ЗНАМ ја поднесе советничката листа за Струмица – носител е Александар Илиев
Движењето ЗНАМ ја поднесе советничката листа за Струмица – носител е Александар Илиев
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска ја поднесе кандидатската листа за членови на Советот на Општина Струмица за претстојните локални избори.
Носител на листата од 23 кандидати е Александар Илиев, кој во партиското соопштение е претставен како магистер по одбранбени студии на King’s College во Лондон и магистер по безбедност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од ЗНАМ – Струмица наведуваат дека со оваа листа нудат „нова енергија, нови луѓе и нова надеж“ за градот.
„Ова е тим составен од доктори, инженери, професори, спортисти, земјоделци, млади чесни луѓе, правници, економисти, пензионери и луѓе од приватниот сектор. Тим кој обединува знаење, труд и искуство од сите сфери на општеството“, се вели во соопштението.
Партијата најавува дека во следниот период јавноста ќе има можност детално да се запознае со биографиите, идеите и визијата на секој од кандидатите. Според нив, оваа листа „ќе ја врати надежта, ќе донесе шареноликост во Советот и ќе отвори ново поглавје за Струмица“.
Кандидатска листа на ЗНАМ – Струмица:
- Александар Илиев
- Кирил Манчев
- Лилјана Јешменова Стојановиќ
- Емилија Гоцевска
- Александар Бончев
- Драги Арабаџиев
- Марија Митева
- Фиданчо Методиев
- Наташа Витанов
- Митко Алачки
- Васко Панов
- Елисавета Кацурова
- Костаке Колевски
- Ивана Георгиева
- Соња Микиќ-Карамитрова
- Сања Чангулска
- Димитар Велков
- Филип Стојанов
- Атанас Јанев
- Венера Митева
- Јован Мандиќ
- Бобан Ѓорѓиевски
- Оливера Илиева