Филипче: Марјан Даскаловски е кандидат за градоначалник на СДСМ во Струмица

 Филипче: Марјан Даскаловски е кандидат за градоначалник на СДСМ во Струмица

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска објави нови 11 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори, продолжувајќи го процесот на селекција базиран на анкети и консултации со членството.

Претседателот Филипче меѓудругото објави дека Костадин Костадинов нема да биде кандидат за градоначалник на Струмица и дека од СДСМ на овие избори за кандидат ќе трче актуелниот претседател на Совет и претседател на општинската организација на СДСМ, Марјан Даскаловски. Оваа одлука, како што појасни Филипче, е донесена по „широки консултации и внимателна анализа“ од страна на Извршниот одбор.

СДСМ најавува дека процесот на потврдување на кандидатите ќе продолжи и во наредните две недели, со очекување дека околу две третини од вкупниот број кандидати за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите идни одлуки.

Share via
Copy link