Старец потешко повреден во Муртино откако го удрил автомобил
Гоце Христов нов директор на ЈЗУ општа болница Струмица
Од денес со ЈЗУ Општа Болница Струмица ќе раководи нов директор специјалист интернист, суп-специјалист-дијабетолог Др.Гоце Христов, кој во ЈЗУ ОБ Струмица работи од 2012 годинa. Автор е на повеќе стручни трудови и има долгогодишно практично искуство од медицината.
Тој доаѓа на местото на Катерина Кузмановска, која од 2021 ја извршуваше оваа функција.
„Ми беше огромна чест и голем предизвик да ја извршувам функцијата директор на Општа болница Струмица. Им благодарам на вработените и на сите кои дадоа свој придонес,за соработката и се она кое го направивме во изминатиот период се во интерес на пациентите. На Др Гоце Христов му посакувам успешна работа“ сподели Кузмановска на нејзиниот ФБ профил.