Градоначалникот Јанков на средба со компанијата која ќе поставува мерни инструменти за квалитетот на воздухот

Градоначалникот Петар Јанков со своите соработници, одржа работна средба со претставници на компанијата „Смарт Флоу“, која ја има добиено јавната набавка за поставување на 6 нови мерни инструменти за следење на квалитетот на воздухот на шест нови локации во општина Струмица.
Со ова значително се проширува и унапредува постоечката мрежа за мерење на квалитетот на воздухот, со што се обезбедуваат попрецизни и подостапни информации за граѓаните.На средбата се разговараше и за нови решенија и можности кои во иднина би можеле да се имплементираат во општина Струмица, со цел понатамошно подобрување на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.