Граѓаните од село Муртино да поднесат барање до општина Струмица за утврдување на штетата од поплавите

 Граѓаните од село Муртино да поднесат барање до општина Струмица за утврдување на штетата од поплавите

Oпштина Струмица ги известува граѓаните кои се погодени од природната непогода – поплава од пороен дожд проследен со град и силен ветер од 06.06.2025 во с.Муртино, да поднесат Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица.

Барањето може да се подигне од соба 7 од просториите на Општина Струмица. Во прилог на Барањето потребно е да се достави Имотен лист кој го содржи бројот на парцелата за која се бара процена (може и копија) и Договор за закуп доколку предметната парцела за која се бара процена е во сопственост на друго лице.

Комисијата ќе постапи по поднесените Барања согласно законските прописи.

Краен рок за поднесување на Барањата е (Петок) 13.06.2025 година до 14:00 часот.

Тел. за контакт:Александар Ненчев – 078329373 – Претседател на Комисијата

Емилија Пандева – 078322954 – Член на Комисијата

Share via
Copy link