Синоќа во 21:15 часот во село Иловица ТППЕ Струмица со три против пожарни возила и 10 пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена куќа. -Пожарот во голема мера беше загаснат од месното население. По пристигнувањето е извршена контрола и догасување на некои жаришта низ просториите на куќата, се наведува во информацијата од пожарникарите. Фото: ТППЕ Струмица
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Тие, по претходен договор и заедно со учество во дејствието […]
Во рамки на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници, спречен е обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана. При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистарски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога марихуана, за која дополнително ќе биде извршена форензича […]
СВР Струмица соопшти дека завчера во 23:00 часот во Полициското одделение Нов Дојран било пријавено дека околу 22:40 часот на локален пат кај село Црничани, дојранско, настанал пожар во товарно возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки во движење, управувано од Ѓ.С.(38) од Богданци. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија. […]
На 09.02.2025 во 10.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавно дека на ул.„Шаин маале“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу У.У.(51) и Џ.Ш.(50), двајцата од Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 09.02.2025 во 10.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ш.А.(27) од Радовиш пријавил дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш […]
СВР Струмица денеска соопшти дека вчера во 12:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во семејна куќа во село Удово, валандовско, бил пронајден починат А.А.(48) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Вчера во 08:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш. Тој се сомничи дека околу 02:00 часот се обидел да изврши тешка кражба во продажен објект во Радовиш. Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното […]
Денеска во 13:28 часот во ДСУ-РЦСОО Никола Карев, ТППЕ Струмица со едно против пожарно возило и 6 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалена просторија(тоалет), информираа струмичките пожарникари. Пожарот е успешно локализиран и ликвидиран за кратко време после пристигнувањето на пожарникарите.
СВР Струмица соопшти дека вчера во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.Т.(49) од Радовиш и Д.Г.(25) – полициски службеник од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 став 2 од Кривичниот закон. При преглед кај Г.Т. биле пронајдени пари кои му биле исплатени при […]
СВР Струмица соопшти дека вчера во 15:35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во […]