Изгореле сушари за тутун и бали сено во село Љубница, Конче

 Изгореле сушари за тутун и бали сено во село Љубница, Конче

Вчера во 14:30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во дворно место сопственост на Ѓ.А. од село Лубница, општина Конче, при што биле опожарени дел од сушара за тутун и мрежа сопственост на Ц.А., како и бали сено сопственост на М.А. и двајцата од село Лубница.

По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

Фото: архива

Share via
Copy link