fbpx

Костадинов: водата за пиење во Струмица е исправна

 Костадинов: водата за пиење во Струмица е исправна

-Струмица официјално доби решение од АХВ дека водата од водоводот е питка. Анализи од Агенцијата за храна и ветеринарство, 3 акредитирани приватни лаборатории, Центар за јавно здравје Струмица, ги побија резултатите на Институтот за Јавно Здравје, кои не измачуваа сите нас како струмичани, објави попладнево градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Струмичкиот отпор и пркос даде резултат. Благодарам на професионалците од АХВ што де одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната!На сите кои се ситевте во овие за нас струмичани тешки и мачни денови, ви простувам од дното на мојата душа.Останува да се седне повторно до надлежните институции и да се изнајде решение за проблемот на брана Турија!Народе мој благодарам на истрајноста, трпението и поддршката која ми ја дававте мене и на професионалците од ЈПКД Комуналец, во оваа битка за Струмица.Борбата продолжува, напиша Костадинов.

Share via
Copy link