Крмзов доби 30 дена притвор
Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.
Тој е осомничен за серија тешки финансиски прекршоци, меѓу кои даночна измама, перење пари и царински злоупотреби.
Мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото