„Мерцедес“ излетал и завршил во продавница, едно лице потешко повредено

 „Мерцедес“ излетал и завршил во продавница, едно лице потешко повредено

Синоќа во 00.20 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Младинска“, ул.„24-ти Октомври“ и ул.„Братство-единство“ во Струмица патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.М.(25) од село Градошорци, општина Василево, излетало од коловозот, соопштија денеска од МВР.

Како што дознаваме по излетувањето „мерцедесот“ завршил во ена продавница, но за среќа освен совозачот нема други повредени.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.М.(18), констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link