MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември

 MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември

Ротари Клуб Струмица го најавува настанот „MOVEMBER – Едукативна трибина за машкото здравје“, кој ќе се одржи на 20 ноември 2025 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, во Младинскиот центар – Струмица, лоциран во општинската зграда.

Настанот е дел од глобалната Movember иницијатива, чија цел е подигнување на јавната свест за машкото здравје, особено во делот на превенцијата и раното откривање на заболувања како што се ракот на простата и проблемите со репродуктивното и хормоналното здравје.

Главен говорник ќе биде Д-р спец. уролог Софче Митковска Милкова, која ќе презентира практични совети и информации поврзани со:

  • превенција и рано препознавање на рак на простата,
  • машка плодност и хормонално здравје,
  • важноста на редовните уролошки прегледи,
  • здрави навики и современи медицински пристапи.

Организаторите истакнуваат дека настанот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани граѓани, со цел што повеќе мажи да се охрабрат да разговараат за своето здравје и да преземат навремени превентивни чекори.

„Грижете се за себе – затоа што здрав маж значи здрава заедница“, е пораката што Ротари Клуб Струмица ја упатува во рамките на овогодинешниот Movember.

Share via
Copy link