Одбележана 13 годишнината од големиот пожар над Струмица во која загинаа четири лица
Одбележана 13 годишнината од големиот пожар над Струмица во која загинаа четири лица
Денес се навршуваат 13 години од еден од најцрните денови за Струмица – големиот шумски пожар на 23 јули 2012 година кај месноста „Двата пата“, каде што животот го загубија четворица храбри сограѓани.
Огнената стихија, предизвикана од човечки фактор, имаше дотогаш невидени размери. Во таа битка со огнот, покрај пожарникарите, учествуваа и многу граѓани кои несебично, со ризик по сопствените животи, се бореа за да го заштитат градот.
Пред насобраните говореше претседателот на Советот, Марјан Даскаловски.
-Денес, пред Споменикот подигнат во нивна чест, им оддадовме почит на хероите: Пено Стојанов, Блажо Стојков, Војо Гркљанов и Мите Ѓеоргиев.Нивната храброст и пожртвуваност се врежани во срцата на струмичани. НИКОГАШ нема да заборавиме што направија за нас!Одбележувањето на оваа годишнина нека биде потсетник дека со оган нема играчка – особено во летните, сушни денови. Бидете внимателни. Една искра може да значи нова трагедија, рече претседателот на Советот на Општина Струмица и кандидат за градоначалник од СДСМ, Марјан Даскаловски.
Пред споменикот на загинатите свежо цвеќе положија членови на Советот, припадници на ТППЕ Струмица, ЈП „Национални шуми“ и членови на семејствата на загинатите.