Пцовисана крава фрлена на патот кон Цареви Кули
„Комуналец“ на својата фб страница објави дека денеска на патот кон Цареви Кули е пронајден леш од пцовисана крава и веднаш потоа животното е подигнато, а местото е исчистено.
-До каде оди нашата грижа за почиста животна средина???
Секојдневно со граѓани и активисти работиме и се координираме како да ги исчистиме дивите депонии и го сопреме нивното создавање, некој од нашите граѓани на патот кон Цареви Кули оставил мртва, полураспадната крава. Местото под итно е исчистено но ја прашуваме јавноста дали на овој начин се работи за да имаме почиста средина без депонии и отпад. И што треба да направиме за да се спречат ваквите појави?, се наведува во објавата на „Комуналец“