Почина 66-годишен маж од струмичко, му се превртел тракторот

 Почина 66-годишен маж од струмичко, му се превртел тракторот

На 07.03.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на место викано „Буката” на околу еден километар од локалниот пат помеѓу селата Едрениково и Требичино, струмичко, имало превртен трактор.

Од здобиените повреди на местото починал возачот на тракторот П.С.(66) од село Градашорци, струмичко, а смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link