Полициски билтен:„летал“ на патот Гевгелија-Богданци, марихуана во Струмица и Гевгелија, физички напад во Банско

 Полициски билтен:„летал“ на патот Гевгелија-Богданци, марихуана во Струмица и Гевгелија, физички напад во Банско

На 09.12.2025 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.Р.(53) од Струмица. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.12.2025 во 20:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.П.(19) од Гевгелија затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.12.2025 во 15:35 часот на регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.К.(27) од с.Прдејци, гевгелиско. При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека управувал патничко возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 137 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 60 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 09.12.2025 во 15:45 во СВР Струмица, Ш.Д.(60) од с.Банско, струмичко, пријави дека околу 13:20 часот во с.Банско, неговиот малолетен внук, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link