Претрес во струмичко, пронајдена марихуана, приведено едно лице
Претрес во струмичко, пронајдена марихуана, приведено едно лице

На 24.10.2025 во 17:45 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Д.В.(47) од село Добрејци. При претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, во помошна просторија до куќата пронајдена е марихуана.
Таа е задржана во полициска станица и со неа е извршен службен разговор. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.