Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица
Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица
На 17.05.2025 во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.Д.(36) од село Банско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. По дополнително преземени мерки и извршен службен разговор со Г.Д. било констатирано дека дрогата ја поседувал заедно со Д.К.(20) од село Банско, кој потоа, исто така, бил лишен од слобода. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.05.2025 во 13.25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.Т.(20) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „мини“ со гевгелиски регистарски ознаки, Б.Т. од возилото фрлил кутија со марихуана, која е пронајдена и одземена. После тоа, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.Т., при што биле пронајдени повеќе семки од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.05.2025 во 21.30 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода С.Ш.(22), Ш.М.(23) и А.Ш.(27), сите од село Банско. При преглед кај нив и во возилото „бмв“ со струмички регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај С.Ш. биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.05.2025 во Гевгелија, полициски службеници од СВТ Струмица-ОВР Гевгелија го пронашле Д.Н. од Гевгелија, кој на 11.05.2025 беше пријавен дека се оддалечил од неговиот дом.
На 17.05.2025 во 22.50 часот во Полициската станица Радовиш, Л.Ј.(67) од село Габревци, општина Конче, пријавил дека околу 20.30 часот во село Габревци бил физички нападнат од В.М.(70) од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.05.2025 во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш Ј.Р.(21) од село Дедино, општина Конче, пријавил дека околу 22.30 часот на бул. „Александар Македонски“ во Радовиш бил физички нападнат од Н.М. и Ф.Ј. од село Воиславци, радовишко и други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.