Даскаловски пред изборите: Убеден сум во убедлива победа, силата е во заедништвото
Реакција на СВР Струмица на информации објавени на социјални мрежи
Во врска со информациите објавени на социјалните мрежи, СВР Струмица ја информира јавноста дека настанот кој се споменува се случил по претходно добиени оперативни сознанија, а полициските службеници постапувале согласно своите законски овластувања.
Лицата за кои станува збор не се жители на населбата Туско Маало, а биле забележани во истата во доцните вечерни часови, околу 01:00 часот, при што кај нив биле пронајдени предмети кои укажуваат на можни изборни инкриминации.
Се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде дополнително и благовремено известена.
СВР Струмица ги отфрла како целосно неосновани обвинувањата за незаконито постапување и апелира до сите учесници во изборниот процес да се придржуваат кон законските прописи, да не шират дезинформации и да не ја злоупотребуваат полицијата во политички цели или конотации.
Полицијата и натаму ќе продолжи да работи професионално, транспарентно и во интерес на безбедноста на сите граѓани.
Извор: СВР Струмица