„Ристо Шишков“ за актерката Биљана Драгичевиќ Пројковска

 „Ристо Шишков“ за актерката Биљана Драгичевиќ Пројковска

Жири-комисијата на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во состав: Лео Долорес Поповиќ, актер, како претседател на жири-комисијата, и Анастас Попдимитров, актер и режисер, и Иван Додовски, универзитетски професор и драмски автор – како членови на жири-комисијата, одгледа 12 претстави селектирани во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување што го носи името на големиот македонски актер Ристо Шишков.

Престижната награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“ и’ се доделува на Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Корин Фел во претставата „Гидеоновиот јазол“ од Џона Адамс, во изведба на Драмски театар од Скопје.

Во улогата на Корин Фел, мајка што трага по одговори за смртта на својот син, Биљана Драгиќевиќ Пројковска покажува фасцинантна доследност и суптилна самоконтрола во водењето на ликот, остварувајќи моќна и осмислена улога.

Покрај главната награда, жири-комисијата одлучи да додели и специјална награда за најдобра претстава на Фестивалот.

Специјална награда за најдобра претстава се доделува за претставата „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Мартин Мирчевски, во изведба на Народниот театар од Битола.

Share via
Copy link