СДСМ Струмица:Методите на ВМРО-ДПМНЕ се закани, уцени, страв и насилство

 СДСМ Струмица:Методите на ВМРО-ДПМНЕ се закани, уцени, страв и насилство

Интегрален текст од соопштението на СДСМ Струмица:

ВМРО-ДПМНЕ и во оваа кампања ја покажуваат својата вистинска природа – закани, уцени и насилство.

Во Струмица, поточно во с.Просениково наш сограѓанин беше брутално нападнат и со тешко телесни повреди, само затоа што јавно кажал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби на изборите.

Случајот е потврден и од Министерството за внатрешни работи.

Ова е веќе видено сценарио од минатото – кога ВМРО-ДПМНЕ не знае да понуди програма и визија, тие посегнуваат по сила и страв.Дополнително, бизнис-секторот е изложен на притисоци преку наводни покани за „трибини“, кои всушност служат за броење и евиденција, со јасна порака за казна кон оние што нема да присуствуваат.

Не застануваат ниту тука – граѓаните се уценуваат со возачки дозволи, а се ветува дека по изборите ќе се „решавале“ со масовно штампање, што е уште еден доказ за нивната безидејност и манипулативност.

Ова се методите на ВМРО-ДПМНЕ – закани, уцени, страв и насилство.

Но, граѓаните на Струмица веќе покажаа дека не подлегнуваат на вакви сценарија.

Демократијата, слободата и достоинството секогаш ќе бидат посилни од заканите.

Фото: СДСМ Струмица

Share via
Copy link