Струмица центар на музичкиот свет: Џекс Џонс, Бејби Лазања и Бајага на иста сцена на Get EXITed!

 Струмица центар на музичкиот свет: Џекс Џонс, Бејби Лазања и Бајага на иста сцена на Get EXITed!

Глобалната музичка ѕвезда Џекс Џонс, регионалната сензација Бејби Лазања и легендарните Бајага и Инструктори се главните имиња кои ќе настапат на овогодинешната гала забава Get EXITed во Струмица. Големиот музички спектакл е закажан за 7 септември во Големиот градски парк, а влезот, како и секоја година, ќе биде слободен за сите посетители.

Струмица по четврти пат ќе биде домаќин на овој голем настан, кој традиционално привлекува илјадници фанови од цела Македонија и регионот. Публиката ја очекува незаборавна вечер исполнета со разновидна музика – од светските електронски хитови на Џекс Џонс, преку енергичните рифови на Бејби Лазања, до безвременските рок химни на Бајага и Инструктори.

Организаторите најавуваат дека забавата ќе трае до раните утрински часови, спојувајќи моќни поп-мелодии, гитарски рифови и најактуелен светски електронски звук.

Во изминатите години, сцената на Get EXITed во Струмица беше домаќин на светски и регионални ѕвезди како Џон Њуман, Бурак Јетер, Дебора Де Лука, Сенида, Махмут Орхан, Констракта и Ван Гог, со што го зацврсти својот статус на еден од најзначајните музички настани во регионот.

Целосната програма и останатите изведувачи ќе бидат објавени наскоро.

Share via
Copy link