Струмица пулсира во туристички ритам преку кампањата „Запознај ја Струмица“ спроведена од Медија Флеш

 Струмица пулсира во туристички ритам преку кампањата „Запознај ја Струмица“ спроведена од Медија Флеш

Здружението „Медија Флеш“, со поддршка од Општина Струмица, активно ја спроведува кампањата во рамки на проектот „Пулсирај во туристичкиот ритам: Запознај ја Струмица!“.

Кампањата е насочена кон решавање на предизвикот што Струмица, и покрај своето огромно културно, историско и природно богатство, останува недоволно препознаена на туристичката мапа.

Главната цел е интензивна промоција на сите уникатни атракции на градот преку создавање модерна мултимедијална содржина. Сите изработени промотивни материјали се јавно достапни за слободно користење, со цел да се зајакне имиџот на Струмица како врвна туристичка дестинација.

Како дел од тековните активности, на дневна база се објавуваат видеа кои ги претставуваат туристичките и културните капацитети на Струмица. Оваа динамична промоција има за цел постојано да ја зголемува видливоста на градот и да ја прикаже неговата разноликост пред домашната и странската јавност.

„Проектот создава добри практики во промоцијата на туризмот преку градење одржливи партнерства со локалните туристички чинители, бизниси и организации. Работејќи заедно, создаваме мрежа на поддршка која ја подобрува видливоста, одржливоста и инклузивноста на туристичкиот сектор во Струмица“, истакнуваат од здружението.

Преку овој сеопфатен пристап, проектот активно работи на позиционирање на Струмица како примамлива и незаборавна дестинација, поттикнувајќи одржлив раст и меѓународно признавање.

За повеќе информации и за да ги следите дневните објави, посетете ја страницата на МЕДИЈА ФЛЕШ.

Share via
Copy link