Најголем дел од досегашните градоначалници од ВМРО ДПМНЕ во Југоистокот во трка за уште еден мандат
СУЗАНА ГАВАЗОВА И ЉУБЧО ЃОРГИЕВ – ПОБЕДНИЦИ НА ФОЛК ФЕСТ ВАЛАНДОВО 2025
Во фестивалската сала “Јанко Узунов” во Валандово, се одржа 38 издание на фестивалот на новосоздадена македонска песна Фолк фест Валандово 2025. Се натпреваруваа 22 композиции, творени во духот на македонската фолк музика.
За победник на фестивалот е избрана композицијата “Љубовта да расцути” изведена од Сузана Гавазова и Љубчо Ѓоргиев, второтопласирана е композицијата “Што си ветивме” на Василија Петрова и Благоја Грујовски, а за трето место беше избрана композицијата “Дојди” на Смиља Митровска.
Награда за животно дело постхумно беше доделена на Гоце Арнаудов за се што создал на македонската музичка сцена и вредноста што ја оставил зад себе.
Во ревијалниот дел свој настап имаше еден од доајените на македонската фолк песна, Перо Христов.
-Фолк Фест – Валандово, е симбол на нашата заедница и традиција која ја негуваме и надградуваме генерации наназад. Фестивалот има исклучително културолошко значење и истиот е дел од нашата идентитетска посебност, објави градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.
Фото: фб Перо Костадинов