Tags : изгорел форд

Изгорел „форд“ на жител од радовишко Аликоч

СВР Струмица соопшти дека синоќа во 01:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на И.З.(52) од село Аликоч, радовишко, кое било паркирано во гаража до неговиот семеен дом. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид. Фото: илустрација архива