(ВИДЕО) Македонецот Никола Станишиќ победник на „Sвездите на Гранд“

 (ВИДЕО) Македонецот Никола Станишиќ победник на „Sвездите на Гранд“

Младиот Никола Станишиќ од Скопје е победник на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Со 138.714 гласови,  титулата му припадна на талентираниот Македонец кој беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Со солзи во очите и многу емоции, победата ја прославо со песната „Бисер балкански“ и со македонското знаме.

Победничката статуа му ја додели Сузана Јовановиќ, сопругата на покојниот Саша Поповиќ, а оваа година беше воведена и посебна награда – плакета со името на Поповиќ во спомен на ликот и делото на човекот кој ја создаде најголемата музичка империја на Балканот и ја основа „Ѕвездите на Гранд“.

Покрај признанието и статуата, Никола беше награден и со автомобил „фиат“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во неговата понатамошна кариера.

Инаку, Никола скоро во целиот тек на натреварувањето пееше македонски песни, а еден од најтрогателните моменти од финалето беше кога тој ја изведе песната „Ако утре ме нема“ од групата „ДНК“, посветувајќи ја на жртвите од трагичниот пожар во Кочани.

Share via
Copy link