Во радовишко Ињево контејнер наместо со отпад наполнет со земја!
Во радовишко Ињево контејнер наместо со отпад наполнет со земја!

-Денес, понеделничкото утро, вработените од Одделението за комунална хигиена на ЈП „Плаваја“ се соочија со досега невиден феномен.Замислете само колку време, труд и „посветеност“ му биле потребни на некого за да наполни контејнер за отпад со земја.Да, добро прочитавте со земја.Во Ињево, некој успеал да наполни речиси 1,1м³ земја во контејнерот наменет за собирање на комунален отпад, соопштија од ЈП „Плаваја“ од Радовиш.
-Ова навистина заслужува „ултра премиум награда“ за простаклук, самоволие и целосно непочитување на основниот ред и јавниот интерес.Вакво нешто досега не е видено, ниту доживеано, уште од првиот ден кога во нашата општина започна машинското подигање на отпад од контејнери.Оваа постапка е уште еден доказ дека, наместо да го чуваме заедничкиот простор, самите го уништуваме, водени само од личниот интерес и целосната негрижа за последиците.Да наполниш контејнер со земја???? Тоа не е само неодговорност, туку и јасна демонстрација на крајно некултурно и недозволиво однесување.За да го исчистиме контејнерот, моравме буквално да го превртиме и со лопати да ја вадиме земјата од него. Штета, изгубено време и грда слика, три во едно. Останува прашањето:Кој негативен епитет воопшто е доволен за да се опише ваквото асоцијално однесување?Фотографиите го покажуваат делото. Заклучокот го оставаме на вас.Да потсетиме:Контејнерите служат исклучиво за собирање комунален отпад.Да биде уште појасно:Комунален отпад е отпадот што се создава секојдневно во домаќинствата, како и отпад од друг вид (комерцијален, индустриски или институционален), кој по својата природа и состав е сличен на отпадот од домаќинствата.Но почитувани, за жал, тука не завршува денешната грда слика.И покрај сите наши досегашни апели отпадот да не се остава покрај контејнерите, таквата лоша пракса продолжува, повторно гледаме натрупување на отпад околу садовите за смет.Еден таков пример денес повторно ја „покажа“ нашата општествена одговорност и тоа на самиот влез во Радовиш, на средината на булеварот.Таму каде што треба да оставиме впечаток на ред, култура и грижа, ние за жал оставаме слика на неодговорност и негрижа.Народот рекол: ако сакаш да дознаеш каков е некој, погледни му во домот. Кај нас, за жал, нема ни потреба да ѕиркаш, ние самите јавно си покажуваме каков однос имаме кон заедничкиот простор.СРАМОТА!, се наведува во објавата на радовишкото комунално претпријатие.
Фото: ЈП „Плаваја“