Заев поднесе тужби за клевета против Бране Петрушевски и Жан Митрев

 Заев поднесе тужби за клевета против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска на социјалните мрежи објави дека поднел тужба за клевета против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски и докторот Жан Митрев.

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.

Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“ напиша Заев на социјалните мрежи.

Заев претходно најави дека ќе поднесе тужби ако Петрушевски не му се извини за тврдењата дека заплентетата марихуана била поврзана со фирми блиски до Заев, додека пак екс премиерот го тужи доктор Митрев поради неговите тврдења за преземање на неговата болница.

И во двете тужби, Заев како надомест бара по 500.000 денари.

Share via
Copy link