Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

 Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

Сеизмолошката опсерваторија денеска во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово.

Земјотресот е со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Share via
Copy link