AMD Strela

 

Валандово се збратими со Сиврихисар Р. Турција

Валандово се збратими со Сиврихисар Р. Турција
Објавено на: 14 May 2012

Делегација на општина Валандово на чело со градоначалникот Николче Чурлиновски присуствуваше во Република Турција. Целта на посетата беше потпишување на Спогодбата за збратимување на градовите Валандово и Сиврихисар. Иницијатори на ова збратимување беа Амбасадата на Република Македонија во Турција и Здружението на Македонско-Турско пријателство во Анкара.

Официјалното потпишување на спогодбата се случи во рамки на свеченостите по повод чествувањето на празникот ,,Републиката се раѓа,,. Чинот на потпишување беше vo конакот “Заим-Ага“ каде што на истиот датум во 1922 година Мустафа Кемал Ататурк го одржал првото Собрание на советот надвор од Анкара и затоа овој ден се смета за празник на градот.

valandovo

Покрај ова, делегацијата присуствуваше и во Анкара каде беа посетени повеќе знаменитости од историјата на Турција, меѓу кои Мавзолејот на Кемал Ататурк, mузејот на хероите и други. Делегацијата од Валандово ги посети и Амбасадата на Република Македонија во Анкара, Инстуитутот за турски јазик, општина Кечуран-најголемата општина во Анкара со 1.000.000 жители.

Збратимувањето на градовите треба да ја развие соработката на културно и економско поле и да ги продлабочи пријателските односи меѓу двата народа и двете држави. Инаку градот Сиврихисар се наоѓа во централна Турција, оддалечен 135 километри од Анкара и паѓа во регионот на градот Есешихир.koj ima okolu 10.000 жители.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK