​Марјан Даскаловски, кандидат за градоначалник на Струмица од СДСМ: Победата на фудбалската репрезентација е инспирација и патоказ за нашите локални спортски политики

 ​Марјан Даскаловски, кандидат за градоначалник на Струмица од СДСМ: Победата на фудбалската репрезентација е инспирација и патоказ за нашите локални спортски политики

По повод убедливата победа на македонската фудбалска репрезентација над Лихтенштајн со резултат 5:0, кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ, Марјан Даскаловски, организираше заедничко следење на натпреварот со млади спортисти и навивачи од градот.

​Тој истакна дека ваквите спортски успеси не се само моменти на радост, туку и значаен дел од градењето на националниот идентитет, гордоста и заедништвото.

​„Денешната победа на репрезентацијата е симбол за тоа како со срце, дисциплина и тимска работа може да се постигнат резултати кои ги надминуваат сите очекувања. Токму овие вредности сакаме да ги поттикнеме кај младите во нашата општина“, изјави Даскаловски.

​Според него, успесите на националниот тим се најголемата инспирација за децата и младите спортисти, учејќи ги на упорност, тимски дух и честа да се претставува својата земја.

​Во својата објава на социјалнитемрежи, Даскаловски го претстави и својот план за развој на локалниот спорт, нагласувајќи дека негов клучен приоритет како иден градоначалник ќе биде создавањето услови за успех на младите спортисти во Струмица.

​„Мојата цел е да создадеме врвни услови токму овде, на локално ниво, каде што секое дете ќе може да го следи патот на успехот. Планираме конкретни инвестиции во спортот, системска поддршка за младите таленти и изградба на современа инфраструктура. Ова не е трошок, туку вложување во иднината на Струмица и на целата држава. Македонија има сила, има младост и има иднина, а наша должност е таа иднина да ја градиме заедно, со истата верба со која денес ја бодревме нашата репрезентација“, заклучи кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Марјан Даскаловски.

Share via
Copy link