„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Утре во Струмица дружење на граѓаните со полицијата по повод 7 мај
Во чест на овогодинешното одбележување на 7-ми мај – Денот на македонската полиција, на 30.04.2022 пред Домот на АРМ во Струмица, жителите на Струмица и сите посетители од околните места ќе можат да се дружат со полициските службеници од сите единици, да се запознаат со полициската професија, но и нивната опрема.
За таа цел, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, раководството на министерството и секторот за внатрешни работи Струмица ве покануваат на 30-ти утре со почеток во 12.30 часот на заедничко дружење со полициските службеници од сите единици при министерството за внатрешни работи.
На овој настан ќе присуствува и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој во 13.00 часот ќе даде изјава за медиумите.