„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Донација за „Кај Виктор“, првиот ресторан во Македонија што обезбедува инклузивност за децата со аутизам
Донација за кујната за првиот етно -ресторан во Македонија со едукативен и психотерапевтски пристап за децата со аутизам обезбеди Еуромакс Ресоурцес поддржан од клучниот инвестирот Групацијата Трафигура. Во рамките на индивидуалниот проект „Да ги скршиме стереотипите“ со цел да се подигне нивото на свест во општеството за вклучување на сите деца и млади во социјалниот, но и професионалниот свет компанијата обезбеди дел од потребната опрема за кујната во ресторанот „Кај Виктор“ во селото Босилово.
Сопственикот Коста Тимов ресторанот го отворил пред една година, а во него работи заедно со неговиот син, 18 – годишно момче со аутизам.
“Ресторанот го осмислив како проект за тоа како едно семејство кое има дете со посебни потреби, поточно аутизам, самостојно и независно да обезбеди вработување, а родителот да може целосно да се посветат на своето дете, да му се даде насока да се социјализира, но и да придонесе за општеството. Со овој концепт детето добива работни навики и самостојност. Имам богато работно искуство во хотели, во делот на спортот и дрвната индустрија и го направив системот како да функционираме со син ми Виктор од рано будење, преку активности во малата зоолошка, каде ги храниме животните, потоа одиме во набавка на свежа роба за ресторанот и на крајот Виктор учествува во кујната, а ја постигаме и социјализацијата со гостите“, објаснува Коста Тимов.
За поддршката на проектот што придонесува и за развојот на руралниот туризам, главниот директор за финансии Никола Гулев објаснува вели дека пред се има хуманата нишка за градење на инклузивно општество.
“Во овој тежок период на здравствена криза и економска неизвесност, сите ние треба да бидеме уште повеќе одговорни, и на било каков начин да придонесеме во создавањето на едно хумано и инклузивно општество, во кое секој ќе се чувствува реализиран и среќен од својот придонес во општеството“, вели Гулев.
Во „Кај Виктор“ во селото Босилово добредојдени се сите гости со цел да се обезбеди вклученост и социјализација на децата со посебни потреби со сите останати.
„При тоа охрабруваме и други родители да размислат за слични проекти, затоа што ова место е добредојдено за сите кои имаат деца со посебни потреби да дојдат, да дојдат тука да може и да се дружат со сите останати деца за да се подигне социјализација, но и подигање на свеста дека децата со посебни потреби не се поразлични од нас. Благодарение на компанијата која излезе со поддршка за набавка на дел од опрема за полесно да функционираме“, дополнува Тимов.
Еуромакс заедно со клучниот инвеститор Групацијата Трафигура неодамна го објави повикот за поддршка на локални проекти, а со тоа и на заедницата во регионот како реакција на последиците од кризата која ја предизвика пандемијата со Ковид. Покрај поддршката на жените земјоделки, кои први се одзваа на повикот, компанијата помогна на над 60 индивидуални земјоделци и сточарства во регионот, а обезбеди и спонзорството со АД Водостопанство на Република Северна Македонија, Подружница Струмичко Поле – Струмица за изведба на градежни работи за санација на бочен преливник и зафат на вишок од води од отворен канал за наводнување како и набавка и инсталирање на потопна пумпа со соодветна контролна кутија.
[KОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА]