Општина Струмица објави јавен повик за дотација за тренери во спортските клубови
Општина Струмица објави јавен повик преку кој се предвидува финансиска поддршка за најмногу десет тренери во спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои делуваат на територијата на општина Струмица.
Финансиската поддршка трае до крајот на тековната 2021 година, односно 5 месеци.
Право на учество имаат спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од општина Струмица кои настапуваат во организиран систем на натпреварување.
Сите дополнителни информации може да ги најдете на следниот ЛИНК