fbpx

Академија Пандев го ангажираше поранешниот младински репрезентативец на Србија, Сава Радиќ

 Академија Пандев го ангажираше поранешниот младински репрезентативец на Србија, Сава Радиќ

Сава Радиќ (23) е нов член на Академија Пандев. Станува збор за дефанзивец кој може да игра на бековската позиција, но и како стопер. Радиќ е и поранешен младински репрезентативец на Србија, играл во сите младински селекции од У-15 до У-19.

Во својата кариера има настапувано и за екипите на Чукарички, Бечеј, Трајал, Бачка а последен клуб му бил Дубочица.

Share via
Copy link