Таксист му наплатил на Швајцарец 7.800 денари од Центар до Средно Водно
Брера Струмица денеска гостува кај шампионот Струга ТЛ
Денеска од 17 часoт на Градскиот стадион во Струга, ќе се одигра последниот меч од 3.коло во ПМФЛ. Струга ТЛ ја дочекува Брера Струмица, двете екипи со најдобри одбрани досега и без пораз во актуелната кампања во мак-фудбалот.
Клубот на нашата легенда Горан Пандев имаше одличен старт на првенството и со две победи од два натпревари е на самиот врв на прволигашката табелата, но до овој ефект стигна со две домашни победи против новите прволигаши Вардар и Воска.
За струмичани денешниот натпревар ќе биде вистински предизвик со оглед на тоа дека за противник го имаат шампионот на Македонија и екипата која игра одлично во фудбалска Европа ова лето, Струга Трим Лум.