ОК ВМРО ДПМНЕ со реакција на соопштението на ОО СДСМ Струмица
ОК ВМРО ДПМНЕ со реакција на соопштението на ОО СДСМ Струмица
Интегрален текст од реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на ОО СДСМ Струмица
Почитувани сограѓани,
СДСМ Струмица не може да разбере дека времето на превработени институции, партиски вработувања и произволност се поминати. СДСМ Струмица ја убедува јавноста дека најголем проблем во Струмица замислете, било недостаток на вработени во локални установи. И тоа го прави на драматичен начин со злоупотреба на темата за градинките. А целата струмичка јавност знае дека Општината е помеѓу оние со најголем број на вработувања.
Помеѓу сите нерешени и натрупани проблеми во владеење од 20 години е оној со градинките. Односно, можноста сите наши деца да бидат сместени во детска градинка во еднакви услови. И сега, после 20 годишно владеење и два мандати власт виновникот наводно не е во СДСМ туку во оној што не им дозволува да прават што сакат.
Грижата за децата не е само постоење на учителки и негувателки. Туку е во стандардите на работењето и условите во кои децата растат и се учат. Стандарди кои ги штитат здравјето и животот на децата и нивниот комплетен развој.
Во детска градинка со определен и утврден капацитет се примени поголем број на деца. Па потоа, им недостига персонал. Дали се примат дечиња надвор од предвидениот регион?
СДСМ да се запраша: дали децата заслужуват различни стандарди на третман?
Да се работеше континуирано на проблемот немаше да постои предизвик во оваа област. Се согласуваме со потребата секогаш да постои потреба од повеќе и по стручен кадар но, проблемите се натрупани од децениско несериозно однесување и лошо менаџирање со сите јавни институции на Општината.
Можеби затоа дури и минатата Влада често ги одлагаше барањата.
Решение за овој проблем и за редица други проблеми ќе следат многу скоро. Конечно струмичани ќе ја преземат одговорноста за сите процеси и проблеми во Струмица и таа ќе биде еднкава за сите.