Полициски билтен: Семејно насилство во Струмица, пожар во Гевгелија и сообраќајна несреќа

 Полициски билтен: Семејно насилство во Струмица, пожар во Гевгелија и сообраќајна несреќа

На 27.12.2025 во 12:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 58-годишен маж од Струмица затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.12.2025 во 19:19 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека настанал пожар на покрив од куќа сопственост на С.Г. и Р.Г. на ул. „Козјак“ во Богданци. Пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.

 На 28.12.2025 околу 01:00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица- Ново Село, во близина на село Дабиле, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ц.(42) од село Добрашинци, струмичко, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(27) од село Дражево, струмичко и патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(39) од село Турново, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ц., а со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link