Валандово работи на соработка со значајни европски региони

 Валандово работи на соработка со значајни европски региони

-Општина Валандово активно работи на меѓународно вмрежување и отворање нови можности преку европските фондови и програми.По иницијатива на градоначалникот Ѓоко Камчев, нашиот советник за ЕУ фондови, Илија Вучков, ги достави официјалните писма за воспоставување проектна соработка со неколку значајни европски региони: Крит (Грција): Општините Хераклион, Ретимно и Ханија. Шпанија: Градот Ваљадолид и регионалната влада на Ваљадолид, соопштија денеска од Општината.

Како резултат на овие активности, во мај 2026 година, Општина Валандово ќе биде домаќин на официјални експертски делегации од Грција и Шпанија. Целта е заедничко аплицирање за ЕУ проекти и размена на искуства за подобрување на локалната самоуправа.

-Паралелно, започнавме дијалог и со Градот Истанбул, како и со општините Бејоглу и Ускудар, со цел отворање нови перспективи за заеднички проектни иницијативи во иднина.Продолжуваме да го градиме Валандово како општина со европски вредности и силни меѓународни пријателства!, се наведува во соопштението.

Share via
Copy link