Во пожар во штала во Горни Липовиќ изгореле домашно животно и сточна храна
Во пожар во штала во Горни Липовиќ изгореле домашно животно и сточна храна

СВР Струмица соопшти дека на 14.01.2026 во Полициската станица Радовиш е пријавено дека околу 02:30 часот настанал пожар во штала, сопственост на 66-годишната Ј.С. од село Горни Липовиќ, општина Конче.
Во пожарот изгореле едно домашно животно и сточна храна, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат.
Повредени лица нема и увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.
Фото: архива илустрација