Општина Струмица беше домаќин на „Плазма Спортските игри на младите“
Велигденска честитка од градоначалникот Петар Јанков

По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот упати честитка до сите граѓани, истакнувајќи ја длабоката симболика и значење на Воскресението Христово како вечен извор на надеж, љубов и духовна сила.
-Христос Воскресна – Навистина Воскресна! Со овој вековен поздрав ја споделуваме радоста, вербата и светлината што овој празник ги носи. Нека Велигден биде поттик за обнова на духот, за зацврстување на меѓусебната почит и солидарност, и нека ни донесе храброст да чекориме напред со добрина во срцата и љубов во делата, се вели во честитката.
Градоначалникот Јанков им посакa на сите граѓани празнични денови исполнети со мир, здравје и благосостојба, со надеж дека добрината ќе надвладее, а заедништвото ќе биде водилка во секојдневието.