fbpx

Академија Пандев: Благодараност до ФФМ и општина Струмица за поддршката за развој на фудбалот

 Академија Пандев: Благодараност до ФФМ и општина Струмица за поддршката за развој на фудбалот

Академија Пандев преку соопштение до јавност се заблагодари на Фудбалската федерација на Македонија и општина Струмица за поддршката за развој на на фудбалот.

„Благодарност до Фудбалска Репрезентација на Македонија што му оддава признание на искрените намери и огромниот влог што Горан Пандев го дава на македонскиот клубски и репрезентативен фудбал. Огромна благодарност и на Општина Струмица која го препозна и се вклучи како партнер за реализација на овој проект, се со цел развој на фудбалската инфраструктура во Струмица. Потпишаниот трипартитен договор помеѓу Академија Пандев, ФФМ и Општина Струмица значеше и почеток на изградбата на најмодерен терен со вештачка трева. Академија Пандев продолжува со посветена работа во младите категории и нивен развој се до сениори, а со тоа секако придобивки има и македонскиот фудбал во чии репрезентации имаме преку 20 активни репрезентативци во сите категории и Академија Пандев со убедливо најмлад сениорски тим во ПМФЛ оваа сезона“ – се вели во соопштението од Академија Пандев.

Share via
Copy link