Двајца малолетници од Мокриево и Мокрино повредени во судар со нивните мотоцикли
Двајца малолетници од Мокриево и Мокрино повредени во судар со нивните мотоцикли

На 07.09.2026 околу 13:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека во село Мокриево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од село Мокрино, струмичко, без возачка дозвола и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од село Мокриево, без возачка дозвола.
Во несреќата малолентикот од с.Мокрино се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил другиот малолетник, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
Фото: илустрација архива