Излезе вториот трејлер од документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука

Ви го споделуваме вториот трејлер (https://youtu.be/WCAKqLac5aQ) од документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од авторот Миле Бошњаковски. Документарниот филм е хронолошко сведоштво на новинарот Томислав Кежаровски за настаните кои му претходат на неговото брутално приведување, судски процес и затворска казна. Во филмот е поместено неговото сведоштво на настаните кои се случуваат додека тој е на издржување […]

Во сообраќајки во валандовско и Радовиш тројца повредени

На 25.05.2024 во 08.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на село Чалакли, валандовско, трактор „ИМТ 533“ со полуприколка, управуван од А.П.(48) од село Балинци, валандовско, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија. Бил извршен увид од увидна екипа од […]

Здружението „Медија Флеш“ одржа работилница за медиумска писменост во Средното

Во рамките на реализирање на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и  биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“, којшто го реализира Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“, во Средното училиште „Никола Карев“ во Струмица се одржа работилница со ученици и професори од ова средно училиште, а присутвуваше и директорот на училиштето, […]

Градоначалникот Костадинов им ги додели наградите и признанијата на просветни

-Неизмерно сум среќен и многу горд што една моја иницијатива, од пред повеќе од три години, стана убаво дело, и полека но сигурно се претвора во традиција.Синоќа во НУЦК „Антон Панов“ во рамките на Свечената академија по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители – Свети Кирил и Методиј, го имав задоволството да им […]

ТИВЕРИОПОЛСКА ФИЛМСКА ВЕЧЕР СО ИЦЕ ВИРАНОВ️

На 29 мај (среда), со почеток од 20 часот, во малата сала во НУЦК „Антон Панов“, ќе се одржи Тивериополска филмска вечер со проекција во чест на авторот Ице Виранов. Овој омаж е составен од три исклучителни кратки филмови кои ги потпишува Виранов. „Зевање“ од 2013 г., под мотото „животот накратко“, е негов прв авторски […]

Потешко повредено момче откако излетало со автомобилот на патот Богданци-Гевгелија

Од СВР Струмица соопштија дека вчера во 22:00 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Богданци – Гевгелија, на место „Трнката“, патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(22) од село Моин, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид […]

Градоначалникот Костадинов им го честиташе 20 Мај-Денот на македонските пожарникари

-За да се биде пожарникар не е доволно само да се биде облечен во пожарникарска униформа. Да се биде пожарникар потребно е под таа униформа да чука едно големо срце исполнето со многу љубов кон професијата, многу љубов кон општината и многу љубов кон своите сограѓани, рече градоначалникот Костадин Костадинов денеска честитајќи го 20 Мај-Денот […]

„Џамбо Агушеви оркестар“ со концерт за паметење во Тирана

„Џамбо Агушеви оркестар“, во организација на македонскиот КИЦ во Тирана настапија на фестивалот ,,Clouds“ со двочасовен концерт за паметење, соопштија од Министерството за култура. „Просторот кој се наоѓа во центарот на градот, беше исполнет до последно место со публика. Агушеви настапија супериорно, величествено убаво, свиреа технички совршено во манир на големи светски артисти, плетејќи мрежа […]

Полициски билтен: ученик нападнат од соученици, физички напад во село

На 18.05.2024 година во 18.55 часот во СВР Струмица, К.В.Н.(36) од Струмица пријавила дека истиот ден во двор на основно училиште во Струмица нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 18.05.2024 во 23.00 часот во СВР Струмица, З.Х.(44) од Василево, струмичко, пријавил дека истиот […]

Валандовчанец пронајден починат во својот дом

Полицијата соопшти дека вчера во 18:30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во домот во Валандово бил пронајден починат Б.Е.(56) од Валандово. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.