fbpx

Денеска се одржа 26 седница на Советот на општина Струмица и се донесени повеќе одлуки од интерес на граѓаните

 Денеска се одржа 26 седница на Советот на општина Струмица и се донесени повеќе одлуки од интерес на граѓаните

Денес, Советот на општина Струмица ја одржа својата 26 седница на која советниците расправаа и одлучуваа по 67 точки од дневниот ред.

По образложението поткрепено со бројки од страна на градоначалникот Костадин Костадинов, беше усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2023 год.

„Струмица е просперитетна, одговорна и грижлива општина која не треба да стравува за својата иднина. Ако се суди според денешната 26 седница на Советот на општина Струмица, тогаш таквата констатација на најдобар можен начин кореспондира со реалноста. Горд сум на усвоениот квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2023 год. кој покажа реализација на приходниот дел од 44%. Во овој квартал вкупните оперативни расходи изнесуваат 45%, а капиталните расходи се реализирани со 27% во однос на планираните во Буџетот, што е речиси двојно повеќе од истиот период во минатата година“ рече Костадинов.

Беше донесена и одлука за утврдување Нацрт план за Генерален урбанистички план за град Струмица, Општина Струмица, со плански период 2023-2033, како и други значајни одлуки од областа на урбанизмот, образованието и работата на јавните претпријатија.На седницата присуствуваа и претставници од граѓанскиот сектор.

Советниците едногласно ја усвоија предлог – одлуката за предефинирано мислење во врска со иницијативи за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на металични минерални суровини во општина Струмица, а по оваа точка од дневниот ред свое позитивно мислење изрази и градоначалникот Костадинов, истакнувајќи дека неговиот став по тоа прашање е всушност составен дел од Стратегијата во делот на заштитата на животната средина на општина Струмица.

Share via
Copy link