Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Две девојчиња повредени на роденска забава откако врз нив паднала лулашка
Вчера околу 18:30 часот во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека во двор на угостителски објект во село Борисово, струмичко, две малолетни девојчиња, кои биле на роденденска забава, се здобиле со повреди откако врз нив паднала лулашка, соопштија денеска од СВР Струмица.
Тие биле пренесени Општа болница Струмица каде им била укажана лекарска помош.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.